
Рома веднаш го избра наследникот на отпуштениот тренер Даниеле Де Роси. Нов тренер на тимот ќе биде Иван Јуриќ. Договорот меѓу двете страни е само до следното лето, но автоматски ќе биде продолжен за уште една година ако Рома успее да се квалификува за Лигата на шампионите, што не им се случило во последните шест години.
Според информациите, Јуриќ веднаш ќе почне со работа на чело на „волчивата“ и ќе ја води денешната тренинг сесија. 49-годишниот стручњак ќе дебитира како тренер на тимот на неделниот натпревар на домашен терен против лидерот во Серија А, Удинезе.
Хрватскиот стручњак има значително искуство во Италија благодарение на периодите на чело на Џенова, Верона и Торино, од каде што замина по завршувањето на минатата сезона.
Затоа, тој е избран пред Един Терзиќ и Томас Тухел, кои исто така беа во опција, со оглед дека се слободни во моментот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
