
Горан Пандев е легенда на Интер, човек кој со клубот ја освои Лигата на шампионите, а тоа големите клубови не го забораваат. Италијанскиот шампион го покани македонскиот фудбалски ас како специјален гостин на „Итихад“.
Интер утревечер ќе го игра натпреварот против Манчестер Сити на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, а Пандев е меѓу легендите кои ќе го бодрат тимот.
На вечерашниот официјален тренинг, дел од најдобрите фудбалери, капитенот Лаутаро Мартинез и Николо Барела, дојдоа да го поздрават Пандев кој ги следеше одблиску и им ја даде неопходната поддршка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
