
Поранешната ѕвезда на англиската Премиер – лига, Енди Керол, потпиша двегодишен договор со францускиот Бордо, кој испадна поради административни причини во Насионал 2, или четвртата дивизија, соопштија од клубот.
Англичанецот досега играше за друг француски клуб, Амиен, кој се натпреварува во Лига 2. Трансферот се реализираше благодарение на спортскиот директор на Амиен, Џон Вилијамс, кој се зафати со летните трансфери на Бордо, со цел историскиот француски клуб да се врати во Насионал – односно трета дивизија, во следната сезона.
Енди Керол е поранешен напаѓач на Ливерпул, Њукасл и Вест Хем, и има девет натпревари и два гола за националната репрезентација на Англија.
Тренерот на Бордо, Бруно Ирл, очекува дополнителни засилувања во нападот и во средниот ред. Бордо ја обезбеди лиценцата за учество во првенството и ќе игра против Шатобриан овој викенд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
