
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ерменија во првиот натпревар од УЕФА развојниот турнир кој се одржува во Молдавија.
Нашата селекција сосема заслужено се радуваше на триумф откако одигра добар натпревар и создаде многу можности за погодок.
Првата посериозна можност, Македонија ја имаше уште во 10. минута, Крстевски се најде очи во очи со противничкиот голман, но не успеа да реализира за предност на нашите фудбалери. Во 24. минута, противникот постигна афтогол за предност на Македонија од 1-0. До крајот на првите 45. минути имавме можност да ја зголемите предноста, неискористувајќи неколку добри шанси за погодок.
Во продолжението, во 62. минута, Ерменија доаѓа до израмнување на резултатот. Во 81. минута, Алими пропушта нова добра можност за Македонија. Сепак во 86. минута, Павлов од белата точка постигнува погодок за предност и сосема заслужена победа на Македонија со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
