
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше по победата од 0-2 на неговиот тим против Реал Сосиедад во натпревар од петтото коло на шпанската Ла Лига.
Ова беше прва гостинска победа за шампионите и првпат оваа сезона мадриѓаните да победат во два последовни натпревари.
„Натпреварот беше тежок, можеби дури и не заслуживме да победиме, бидејќи Реал Сосиедад играше многу добро. Мораше да правиме жртви во тешки моменти и јас го ценам тоа. Почнавме слабо, противниците вршеа притисок во нашето поле, но секогаш успевавме да најдеме слободен играч. Не сме 100% подготвени, но индивидуално играчите значително се подобруваат. Многу сум задоволен, но само од резултатот. Критиките за играта ќе дојдат подоцна, сега се важни трите бода“, изјави Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
