Кинескиот фудбал го тресе невиден скандал. Дури 43 лица се доживотно суспендирани поради местење натпревари.
Меѓу нив се и кинески репрезентативци, а како што пренесуваат кинеските медиуми, ова е невиден скандал во светот на спортот. На прес-конференцијата било презентирано дека полицијата спровела двегодишна истрага.
Од 43 лица, дури 38 се фудбалери, а останатите пет се вработени во клубови.
Меѓу суспендираните се Јин Јингдао, Гуо Тианју, Гу Чао. Тука е и актуелниот репрезентативец на Јужна Кореја, Сун Јун-Хо.
Пекинг со години ја интензивира борбата против корупцијата во спортот, особено во фудбалот. Ова претходно резултираше со апсење на поранешниот претседател и потпретседател на Фудбалската федерација на Кина.
Останува да се види дали ќе има уште суспензии и апсења, бидејќи, како што истакна полицијата, се водат повеќе истраги за местење натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













