Младата репрезентација на Македонија до 21 година пристигна во Бусум, во пресрет на квалификацискиот меч против Холандија, кој ќе биде одигран на стадионот Јанмар,Алмере, во четврток, на 5 септември, со почеток во 20. часот.
Во првиот меѓусебен дуел на овие две селекции во рамките на второто коло од квалификациската група, Холандија во Скопје успеа да издвојува победа од 2:0.
Фудбалерот на Шкендија и стандарден член на младиот национален тим, Ване Крстевски ги сподели своите очекувања пред мечевите со Холандија и Гибралтар.
„Се наоѓаме на почетокот на сезоната, овој период секогаш е напорен, но се наоѓаме во добра форма што се однесува до физичкиот дел. Подготвени сме да да го дадеме максимумот на овие натпревари. Ако сакаме да оствариме позитивен резултат и да одиграме добар натпревар против фаворитот во групата, мораме сите заедно да одиграме тактички перфектно, да бидеме пожртвувани и борбени во текот на целиот меч“, вели Ване Крстевски.
„На дуелот во Скопје, против Холандија одигравме одличен натпревар, со добра игра, многу борба и трчање. Се најдовме во неколку одлични ситуации за постигнување погодок, но реализацијата не беше на ниво. И на последните натпревари, се виде дека најголем проблем имавме со реализацијата. Создававме многу шанси, но не постигнувавме голови.Извлековме голема поука од тие средба, се надевам дека во Алмере ќе одиграме дуел кој резултатски ќе биде во наша корист. Последните натпревари во овие квалификации сакаме да ги одиграме на високо ниво и да покажеме дека оваа селекција располага со квалитет“, истакнува крилниот напаѓач на Шкендија.
Во групата Ц од квалификациите за пласман на ЕП, во досегашниот тек, Холандија се наоѓа на челната позиција со 21 бод, додека Македонија е на петтата позиција со шест освоени бода.
Четири дена по натпреварот со Холандија, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Гибралтар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski