Connect with us

Втора лига: Хет-трик на Симе Христов, покер на Дарко Грозданоски

Македонија ЃП и Брегалница продолжуваат победнички во Втората лига.


Ѓорчепетровци на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ ја пречекаа Победа и ја победија со 3-0. Човек на одлука беше напаѓачот Симе Христов кој постигна хет-трик,

Брегалница со 2-1 ја совлада Каменица Саса на домашен терен со головите на Хаџи-Кимов во 65. минута и на Галевски од пенал во 76. минута.

Скопје славеше против Вардар Неготино со 2-1, со двата гола на Христијан Кировски во 48. и 76. минута. Единствен стрелец за неготинци беше Ники Зумровски на стартот на вториот дел.

Арсими на домашен терен доживеа пораз (0-1) од тимот на Башкими. Бурхан Алији од слободен удар го проигра Хусеин Демири, а тој успеа да ја затресе мрежата.

Борец беше поразен од Новаци со 0-1. Во 96. минута Михаил Милевски постигна победнички погодок за гостите.

Кожуф го декласира Осогово со 4-1. Фикрет Ливарека на стартот донесе предност за гостите, но потоа Дарко Грозданоски постигна неверојатни четири гола за тимот од Гевгелија.

Детонит Плачковица и Вардарски ремизираа 1-1, погодија Албан Таипи за домашните и Илија Баламов за гостите.

Беласица и ГФК Охрид играат вечерва од 20 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови