
Скопје е лидер и го чува првото место во Втората лига Запад со триумфот (1-2) на денешното гостување против Тетекс. Гостивар со пресврт славеше на домашен терен против Дрита со 2-1, а Велешта го освои Дебар (0-1).
Изет Ејрулаху воп осмата минута донесе предност за Скопје, но Тетекс израмни преку Лазар Пеев од пенал во 40. минута. Сепак, во самиот финиш Скопје успеа да стигне до важен триумф.
Гостивар со пресврт славеше дома против Дрита со 2-1. Амир Алији во 30. минута беше стрелец на водечкиот гол, додека Малиќ Белули во 58.минута и Христијан Кировски во 92.минута донесоа триумф за Гостивар.
Охрид се врати во победнички ритам, го совлада Велазерими со 1-0, а стрелец на голот беше Александар Целески во 56. минута.
Велешта славеше во Дебар против Кораби со 0-1. Ермир Нура во 87.минута го постави конечниот резултат и донесе триумф за Велешта.
Кадино и Вардар Форино ремизираа 1-1. Никола Трипуновски донесе предност за Кадино во 87. минута од пенал, но израмни Шпед Асани во судиското продолжение.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
