Реал Мадрид додаде уште еден европски трофеј во својата импресивна колекција откако вечерва во Варшава ја победи Аталанта со 2-0 во Суперкупот на Европа. Од оваа сезона, тимот го засили и Килијан Мбапе, кој веднаш се истакна како врвно засилување, постигнувајќи гол на своето деби и освојувајќи трофеј веднаш. Во Реал, ова ќе стане нормално за него.
Аталанта добро се држеше целиот прв час, без многу можности за двата тима, иако во првото полувреме беа погодени стативи и на двете страни на двата гола.
Во 59. минута, по одлична акција на Белингам и Винисиус, Федерико Валверде го отвори резултатот. Топката му беше додадена на петерецот, и тој не можеше да промаши бидејќи беше сам пред речиси празната мрежа.
Во 68. минута, Килијан Мбапе ја затресе мрежата на Аталанта. Постигнувајќи гол на своето деби, тој покажа дека ќе биде огромно засилување за тимот на Карло Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













