
Лидерот на табелата во Втората лига исток, тимот на Брегалница, в сабота (9. јануари) ќе ги почне зимските подготовки. Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски ќе ја изврши првата прозивка и ќе го означи стартот на подготовките на штипските „сини“ за пролетниот дел од сезоната.
Веќе утврден е планот за подготовките на тимот до стартот на вториот дел од шампионатот закажан за 27. февруари. Првата фаза Брегалница ќе ја одработи во Штип, а од 3. до 14. февруари ќе бидат финалните подготовки во Дојран.
Договорени се шест пријателски натпревари. Првиот тест е на 23. јануари против Кит Го, а потоа на 30. јануари е закажана пресметка со Осогово. На 3. февруари тимот на Брегалница ќе спарингува со Борец, на 6. февруари против Беласица, на 13. февруари ќе има тест против Кожуф, а генералката ќе биде на 20. февруари против лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Скопје.
Првиот натпревар од пролетната сезона во Втората лига – Исток, Брегалница ќе го игра на 27. февруари против Победа Прилеп на домашен терен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
