
Македонскиот второлигаш Брегалница доведе засилување од репрезентативен калибар за вториот дел од сезоната во Втората лига Исток и патот кон елитата. Нов фудбалер на „сините“ е поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем.
32-годишниот Муарем, кој има исклучително богата интернационална кариера, потпиша договор до јуни 2022 година, со можност за продолжување на истиот за уште две години. Тој сигурно ќе биде големо засилување во средниот ред на патот до прволигашката промоција.
„Ангажиравме фудбалер од репрезентативен калибар, согласно добро познатите амбиции на клубот. Ако е добро познато дека Брегалница е исклучително млада екипа, ни беше неопходен искусен фудбалер како можност и за напредок на младите фудбалери. Искуство, стабилност и лидерство се носи во екипата со ангажманот на Муарем, нешто кое ни недостасуваше изминатиов период“, изјави спортскиот директор на ФК Брегалница, Никола Тонев, веднаш по промоцијата на Муарем Муарем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal