Освојувачот на Купот, тимот на Тиквеш, доживеа елиминација во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Иако имаше позитива од еден гол (3-2) од првиот меч во Скопје, а прв поведе и на Исланд, на крајот сепак загуби со 3-1. Тоа беше доволно за Брејдаблик да се пласира во следната рунда.
Goal: Ediz Spahiu | Breidablik 0-1 Tikveš Kavadarcipic.twitter.com/I60mkfkulr
— PushGoals (@PushGoals) July 18, 2024
Едиз Спахиу уште во седмата минута донесе предност за Тиквеш. Но, домаќинот израмни во 44.минута со голот на Кристин Стеиндорсон.
Goal: Kristinn Steindorsson | Breidablik 1-1 Tikveš Kavadarcipic.twitter.com/NPrDpKA6mM
— PushGoals (@PushGoals) July 18, 2024
Goal: Höskuldur Gunnlaugsson | Breidablik 2-1 Tikveš Kavadarcipic.twitter.com/QHWBnDwk5m
— PushGoals (@PushGoals) July 18, 2024
Хоскулдур Гунлауксон во 53.минута ја анулираше предноста на Тиквеш од првиот меч, голот што го трасираше патот на Брејдаблик во следната рунда беше дело на Кристофер Кристинсон во 85.минута од дуелот. Всушност, тој беше во дуел со Даниел Мојсов, кој со лизгачки старт се обиде да расчисти, а на крајот топката заврши во мрежата на Тиквеш.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski