Connect with us

Гостивар со минимален триумф против Охрид

Македонскиот прволигаш Гостивар одигра пријателски натпревар во Маврово против второлигашот Охрид. Гостиварци славеа со 1-0, со голот на турскиот интернационалец Алпер Потук во 41.минута од мечот. Тој пред крајот на првиот дел добро се снајде во противничкиот шеснаесетник и со удар со глава ја затресе мрежата на Охрид.

Гостивар претходно со идентичен резултат го победи и Кожуф, а стрелец на тој меч беше Марко Симоновски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови