
Францускиот напаѓач Рандал Коло Муани е категоричен дека сплотеноста во составот на „петлите” е клучот за нивниот пласман во полуфиналето на ЕВРО 2024. Според него, токму ова ќе му помогне на тимот и на вечерашниот натпревар против Шпанија за место во финалето на турнирот.
„Убаво е што стигнавме до полуфиналето. Горд сум на натпреварот против Португалија. Бевме силни во одбраната и иако не успеавме да постигнеме гол, притискавме до самиот крај, а и одлично се справивме при пеналите. Карактерот ни е секогаш една од нашите силни страни. Сите ние сме силни и многу самоуверени. Сплотени сме, а тоа е многу важно за нас. Токму тоа ќе нè однесе уште подалеку на турнирот. Сите се браниме и се бориме заедно, давајќи сè еден за друг, што е така од почетокот на турнирот. Тоа е клучот на нашиот успех“, изјави Коло Муани.
„Победничкиот гол против Белгија беше заслуга на сите, а не само на моето влегување како замена. Таков е менталитетот на тимот, тогаш одигравме одличен натпревар. Јас само се обидов да внесам свежина и тимот ми помогна за постигнувањето на тој гол. Тогаш победивме заедно. Шпанија има многу добар тим и ќе биде многу тежок натпревар. Сепак, сите ние ќе бидеме подготвени. Не се плашиме од никого. Ние сме многу самоуверени. Свесни сме дека тие имаат квалитети, но ние сме доста сплотен тим. Токму тоа ќе нè одведе напред, во финалето“, истакна Рандал Коло Муани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
