Младинскиот репрезентативец Марко Алчевски е промовиран како ново засилување за израелскиот прволигаш Хапоел Ерусалим.
„Среќен сум што потпишав за Хапоел Ерусалим. Убеден сум дека овој клуб е најсоодветно место за мојот развој и возбуден сум што ќе најдам нов дом тука. Ќе дадам сè за тимот да ги оствари своите цели. Ајде Хапоел!“, изјави досегашниот голман на Брера.
Минатата сезона Марко Алчевски бранеше на 29 натпревари за тимот на Брера, прими 25 гола и на десет натпревари успеа да ја сочува мрежата. Тој ја носеше капитенската лента на струмичкиот тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski