
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, е незадоволен од протекувањето на информации за тактиката на националниот тим во медиумите на Островот.
„Се обидуваме да освоиме фудбалски турнир, а од нашите сопствени медиуми протекуваат тактички информации, само два часа откако сме завршиле со тренингот“, изјави Герет Саутгејт.
Селекторот Саутгејт избра да ја смени формацијата на 3-4-3 од 4-2-3-1 во саботата за четвртфиналето. Англија го доби натпреварот со 5-3 после пенали, а резултатот беше 1-1 по продолженијата.
„Ќе се оправдаат дека ги добиле информациите директно од таборот и можеби го направиле тоа, но како тоа му помага на тимот? Како му помага на нашиот тим што им кажуваме на Швајцарците, кои можеби очекувале да играме поинаку? Три дена се подготвувавме за тоа што требаше да го направиме“, истакна селекторот на Англија.
„Морам да го кажам ова, затоа што мораме да работиме во таква средина. Тешко е, потешко отколку што треба да биде, но продолжуваме напред“, додаде Саутгејт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
