Интер се пофали со своето прво засилување за сезоната 2024/25. Тоа е полскиот играч од средниот ред, Пјотр Зиелински, кој ја изгради својата репутација во Серија А во дресот на Наполи од 2016 година.
Полјакот го напушти Неапол како слободен агент и уште во јануари оваа година беше договорен од Џузепе Марота за новииграч во средниот ред на Интер. Покрај Наполи, меѓу 2012 и 2014 година тој го носеше дресот на Удинезе, а од „фриуланите“ беше испраќан на заем во Емполи меѓу 2014 и 2016 година.
Зиелински ги заврши своите обврски со полскиот национален тим на ЕВРО 2024, откако селекцијата испадна уште во групната фаза.
Тој е едно од двете досега сигурни засилувања на „нероаѕурите“, второто е напаѓачот од Порто, Мехди Тареми, кој исто така пристигнува во Милано на слободен трансфер.
#InterFans, Piotr ha qualcosa da dirvi! 🎤#ForzaInter #WelcomePiotr pic.twitter.com/5eTJaF8HHd
— Inter ⭐⭐ (@Inter) July 6, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski