
Фудбалската репрезентација на Македонија утре го игра вториот пријателски натпревар во овој мини циклус, а домаќин е селекцијата на Чешка, која исто така се подготвува за настап на Европското првенство во Германија.
По поразот од Хрватска (3-0) во Ријека, нашите фудбалери ќе се обидат да остават подобар впечаток иако и Чешка е сериозно квалитетна селекција која има план да фати залет за ЕВРО 204.
„За четири дена не можете ништо да подобрите, посебно во овој дел од сезоната на физички план. Работевме на освежување на тимот, задоволен сум тоа што сите се здрави, освен како што знаеме Енис Барди не може да биде со нас. По тренингот кој го имаме, сите работи околу составот ќе ги оставиме за потоа. Се надевам дека сите ќе бидат подготвени да се стават на располагање за она кое нѐ очекува.
Кога сте учесник на Европско првенство, тоа е доволен доказ за квалитет. Чешка покажа дека е квалитетна репрезентација со извонредни играчи од Премиер – лигата, Бундес – лигата и Серија А, но имаат и голем број на домашни играчи од квалитетна лига низ која ја црпат базата за А-репрезентацијата. Не очекува противник сосема различен од Хрватска“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Тој смета на националниот тим му се потребни мечеви со силни селекции за да може да напредува.
„Неслучајно ги прифативме овие покани за пријателски натпревари, затоа што лично мислам и уверен сум дека ние како тим и репрезентација може да напредуваме ако играме тип на мечеви со поквалитетни ривали од нас, за да го видиме нашиот реален квалитет и домет во моментов.
Од некои моменти не бев задоволен со Хрватска, пред сѐ од второто полувреме, треба да ги елиминираме. Говорам за оние аномалии за трпението, системот и тактичката дисциплина. Физичката подготовка е фактор број еден за да бидете на ниво цели 90 минути, но што е, тука е. Одиме да го извлечеме максимумот, иако сме свесни дека е крај на сезоната и заморот е присутен кај играчите, како и проблемите кои ги имаат дел од играчите во клубовите“, изјави Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
