Холандскиот напаѓач Рај Влут доби ефективна казна од 2,5 години затвор, објави „Де Телеграф“. Судот во Харлем донесе одлука за инцидент од 2021 година кога играше за Хераклес. Тогаш автомобилот во кој се наоѓале Влут и неговиот пријател се судрил со автомобил во кој патувале маж, жена и две деца.
Од несреќата тешко повредено е 4-годишно момче кое починало во болница. Затворската казна изречена од судот е една година помала од барањето на обвинителот во предметот.
Тестот на 27-годишниот Влут покажал присуство на 1,18 промили во крвта, што е повеќе од двојно од дозволената граница. Покрај тоа, тој возел со брзина од 193 km/h. Ова е и причината поради која на четири години му е одземена возачката дозвола.
Првично вината за несреќата ја презел пријателот на Влут, кој се претставил како возач. Сепак, фудбалерот решил да ја каже вистината кога дознал за трагичните последици од инцидентот.
Неговиот адвокат, Ерик Томас, одби да каже дали казната ќе биде обжалена. Тоа можат да го направат и родителите на починатото дете. Меѓутоа, кога судот ќе ја донесе конечната одлука, Влут ќе добие покана да се пријави во затвор и да ја отслужи казната во Холандија.
Влут моментно настапува за рускиот клуб Урал, а претходно беше фудбалер на Астана. Тој ги носеше дресовите на четири клуба во својата земја, ПСВ, НАЦ Бреда, Екселзиор и Хераклес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед и Интер во трака за Адејеми
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













