
Селекторот на фудбалската репрезентација на Романија, Мирел Радои, одлучи да повика 15-годишно момче во најдобриот национален тим за дуелите со Исланд и со Лихтенштајн во ноември во квалификациите за Светското првенство во Катар. Се работи за Енес Сали, голем талент кој би можел да дебитира неверојатно брзо за романскиот национален тим.
Сали е роден во Канада, но неговите родители се Турци кои се родени и израснати во Романија, што му дава можност да игра за романската репрезентација. Тој ги имал фудбалските почетоци во канадски фудбалски тим, потоа беше дел од академијата на Барселона, а од летово е член на романски Фарул, каде дојде од академијата на познатиот романски поранешен фудбалер Георге Хаги.
Реткост е да се види 15-годишно момче во сениорскиот фудбал, а уште повеќе да добие покана за настап во А-репрезентација на квалификациски натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
