
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас прослави убав јубилеј во дресот на Наполи откако вечерва на дуелот против Сасуоло го одигра 100. меч за тимот од Неапол. Но, „наполитанците“ испуштија победа откако водеа со 0-2, а на крајот мораа да се задоволен со 2-2 на ова гостување.
Фабиајн Руис и Дрис Мертенс донесоа предност од 0-2 за Наполи по еден час игра, но во следните триесетина минути Сасуоло стигна до израмнување. Џанлука Скамака намали во 73.минута, а Џанмарко Ферари израмни во 89.минута.
Андриј Шевченко се сретна со својот Милан, Горан Пандев одигра половина час, но „росонерите“ беа убедливи и славеа со 0-3. Ибрахимовиќ постигна прекрасен гол од слободен удар во десеттата минута, а потоа Жуниор Месијас постигна два гола за убедлив триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
