
Пишува: Никола Ѓуровски
Александар Трајковски можеби на најубав начин го најави финалето со Грузија….ИЛИ ТИЕ – ИЛИ НИЕ….Ние се надеваме дека ќе сме НИЕ.
Се раситнува последната „десетка“ до големото финале. Ова е навистина мечот за историја. Победа над Грузија ја води Македонија на Европско првенство преку Лигата на нации.
Селекторот Игор Ангеловски ги гледа расположливите сили, на репрезентативниот список одамна не влегуваат премногу нови имиња. Така несомнено ќе биде и овојпат, победничкиот тим и не треба многу да се менува. Само да се надеваме дека ќе биде комплетен и дека нема да има отсуства.
Капитенот Горан Пандев е во супер-форма, игра цели мечеви за Џенова, влезе во силен натпреварувачки ритам по одлежаниот карантин со клубот, уште пред последниот репрезентативен собир. Најдобрата вест е дека и Елиф Елмас се врати во ритам, настапи на последниот меч за Наполи изминатиов викенд, доби 20 минути од Гатузо, а за овие десетина дена и ќе „набилда“ уште малку физикус. Иако Елиф може да истрча без проблеми два натпревари одеднаш.
Езгјан Алиоски е во ритам во Премиер – лигата, Адеми игра стандардно во Динамо Загреб, Столе Димитриевски брани и пенали, Дарко Велковски е стандарден во Ријека, иако сега „поцрвене“, Висар Муслиу исто така. Александар Трајковски беше стартер за Мајорка по подолг период, можеби малку повеќе минутажа му недостига на Илија Несторовски во Удинезе.
Но, не може без проблеми. Стефан Ристовски е префрлен во Б-тимот на Спортинг Лисабон и нема првенствени натпревари во шампионатот на Португалија, а Кире Ристевски е позитивен на Covid-19 и ќе има трка со времето дали воопшто ќе може да се приклучи на националниот тим. Ова се главоболките на Игор Ангеловски со кои секако ќе мора да се справи до 12.ноември.
10 дена до Тбилиси…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
