
Тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, вечерва поднесе неотповиклива оставка од тренерската позиција, како и од функцијата спортски директор на клубот, откако Врховниот суд донесе правосилна одлука да одлежи тригодишна затворска казна. Неговиот брат Здравко Мамиќ кој пребега во БиХ, е осуден на казна затвор од шест и пол години поради незаконско извлекување пари од Динамо Загреб.
„Иако не се чувствувам виновен, како што и претходно најавив, ако судската одлука биде правосилна ќе ја прифатам како таква и ќе се повлечам од сите функции во Динамо Загреб затоа што не сакам на никаков начин да му наштетам на клубот. Поднесувам неотповиклива оставка на тренерската позиција, како и од функцијата спортски директор на Динамо Загреб“, изјави Зоран Мамиќ.
За нов шеф на стручниот штаб на Динамо Загреб е именуван Дамир Крзнар, кој воедно ќе ја извршува и функцијата спортски директор. Во хрватскиот клуб има двајца македонски репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
