„Златната кочачка“ на Дарко Панчев, која македонската фудбалска легенда ја доби како најдобар европски голгетер за 1991 година, во иднина ќе ги краси и витрините на музејот на српскиот фудбалски гигант Црвена Звезда. Во 1991 година Панчев во дресот на Црвена Звезда со 34 постигнати голови беше најдобар стрелец на Стариот континент.
Дарко Панчев, кој е еден од великаните на Црвена Звезда, дел од тимот кој ја освои европската круна, решил да ја отстапи „Златната копачка“ со цел да биде направена реплика која ќе биде сместена во клупскиот музеј.
„Златната копачка“ која тогаш ја доделуваше францускиот весник „Л“Екип“, наменета за најдобрите стрелци на Европа, Дарко Панчев ја доби лично од Мишел Платини во 2006 година во Скопје.
Evropski prvak i legendarni napadač našeg kluba – Darko Pančev je Crvenoj zvezdi ustupio “Zlatnu kopačku” kako bi naš klub izradio repliku, koja će se u budućnosti nalaziti u Muzeju na stadionu “Rajko Mitić”.
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) May 19, 2024
🔴⚪️ #fkcz #zvezdajemojaporodica pic.twitter.com/B7ZwKRaxJ9
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski