Зинедин Зидан, легендарниот француски фудбалер го избра најдобриот играч во историјата на фудбалот. Иако го „понижувал“ на тренинг, тој смета дека е далеку пред сите, што го потврди и во последното интервју.
Зидан во играчките денови играше со голем број одлични фудбалери, но само еден се издвојувал пред сите. Тоа го потврди како гостин во подкастот на Тони Паркер.
Познатиот Зиззу се присети на една анегдота од времето кога играше за Реал и ја искористи таа прилика да каже дека Роналдо Назарио е убедливо најдобриот од сите.
„Беше малку смешно кога играв со Роналдо. Тој доаѓа на тренинг и ми вели денеска двапати ќе ти ја протнам топката низ нозе“, откри Французинот.
„Тој тоа ти го кажува во очи и потоа ќе го направи. Затоа што ако не го стори тоа, тогаш другите ќе го исмеваат. Тој е убедливо највештиот фудбалер со топката, тој е пред сите други. Тој е феноменална личност која постојано се шегува“, дополни Зинедин Зидан.
Роналдо многумина го сметаат за најдобриот играч на сите времиња, Бразилецот во текот на кариерата имаше големи проблеми со повредите, особено со колената, кои значително го забавија неговиот развој.
Иако практично одигра само неколку врвни сезони, успеа да остави неизбришлива трага и којзнае каде ќе завршеше доколку имаше услови за опоравување, како што е случајот со денешните играчи.
Зидан додаде уште неколку интересни детали од неговата кариера. Тој рече дека освојувањето на Светското првенство во 1998 година со Франција му бил омилен момент.
Поранешниот освојувач на „Златната топка“ додаде дека најтешко му било испаѓањето од лигата со Кан, по што заминал во Бордо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski