
Францускиот стратег Зинедин Зидан повторно го протна Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите откако „кралскиот клуб“ славеше на домашен терен со 2-0 против Борусија Менхенгладбах. На крајот како првопласиран во групата Реал патува меѓу 16-те најдобри екипи во елитното европско натпреварување и ја чека ждрепката за нокаут фазата.
Зидан сега е малку порастоварен од притисокот кој го имаше поради двата врзани порази, а сега од Мадрид доаѓа информација дека тој е лут и дека најверојатно ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната. Сличен потег направи и претходниот пат кога го напушти кормилото, веднаш по освојување на титулата во ЛШ.
Информациите говорат дека Зинедин Зидан не е среќен со состојбата во клубот, тоа што не му се овозможени засилувања, а целиот товар паѓа на негови плеќи бидејќи од Реал Мадрид секогаш се очекува да победува без разлика на се.
Раководството на „кралскиот клуб“ најави дека поради пандемијата на коронавирусот нема да ангажира нови засилувања и во зимскиот преоден рок, но затоа на стартот на новата сезона во Мадрид ќе пристигнат нови ѕвезди. Се шпекулира со Пол Погба, Садио Мане и со Едуардо Камавинга.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
