Второ пролетно коло и Работнички е на ’поправен испит’ на домашен терен. На минатиот дуел против Ренова победата им побегна во судиското продолжение. Сега избраниците на Жикица Тасевски се надеваат дека поуспешно ќе ја завршат работата.
Новото засилување Жунињо Кабрал ја посакува првата победа во дресот на Работнички токму против Силекс.
„Заслуживме победа и на претходниот натпревар. Но, не бевме доволно внимателни во финишот и тоа беше кобно за нас, ги испуштивме бодовите. Но, верувам дека ќе се подобриме веќе на денешниот натпревар против Силекс. Работевме напорно изминативе денови, шефот на стручниот штаб ни укажа каде грешиме и се надеваме дека нема да повториме такви грешки во иднина. Работнички има квалитет и тоа ќе го покажеме“, изјави Жунињо Кабрал за официјалниот сајт на клубот.
Кратовскиот прволигаш исто така менуваше многу во составот оваа зима. Тренерот Симов се надева дека добро ги вкомпонирал новите имиња, а гостувањето во Скопје против Работнички ќе биде навистина сериозен тест.
ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski