
Жозе Мурињо го напушти италијанскиот калчолигаш Рома, откако не ги испорача посакуваните резултати во главниот град на Италија. Португалецот со спогодбен раскин го напушти римскиот тим и сега е слободен агент.
Секако, неколку часа по неговиот отказ, почнаа и шпекулациите за неговиот следен клуб.
Медиумите на Островот тврдат дека Специјалниот нема долго да мирува. Тој би можел експресно да го преземе англискиот премиерлигаш Њукасл, каде работите не одат добро.
Менаџерот Еди Хау се најде на сериозни критики поради незадоволителните резултати и можно е раководството на клубот да преземе сериозни реконструкции со оглед на огромните инвестиции во последните години.
Според медиумите во Англија, претставници на Њукасл веќе стапиле во контакт со агентот на Мурињо за прелиминарни разговори, а повеќе детали за преговорите се очекуваат во наредните денови.
Жозе Мурињо би бил одлична опција за „чавките“. Покрај огромното искуство воопшто, Португалецот одлично ги познава и состојбите во Премиер – лигата. Во минатото ги водеше Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
