Играчот од средниот ред на Челси и на италијанската репрезентација, Жоргињо, е еден од главните фаворити за освојување на „Златната топка“ наменета за најдобриот светски фудбалер во 2021 година. Тој го предводеше Челси на патот до титулата во Лигата на шампионите, а беше и еден од предводниците на италијанската репрезентација која годинава ја освои европската титула.
Тој смета дека има добри шанси за „Златната топка“.
„Искрено, не знам кој е фаворит. Не знам дали сум меѓу најголемите фаворити. Но, ако престанеш да сонуваш, повеќе нема смисла да играш фудбал. Јас сè уште сонувам. Исклучително сум среќен за сите успеси што ги постигнав со клубот и со репрезентацијата, голем дел од нив беа мои сништа од детството, и јас сум исклучително горд што го направив моето семејство среќно“, изјави Жоргињо.
Жоргињо никогаш во кариерата не играл за бразилската репрезентација. Во Европа пристигна од Бразил во 2010 година, кога играше за Верона во Италија. Од 2014 до 2018 година играше за Наполи, а потоа се пресели во Челси. За италијанската репрезентација настапува од 2016 година и веќе собра 40 настапи, а постигна и пет гола.
„Никогаш не мислев дека ќе стигнам вака далеку. Но, тоа е дефинитивно производ на секојдневната напорна работа“, дополни Жоргињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













