Италијанските медиуми пред пет дена објавија дека двa натпревари на Аталанта ќе ја одредат иднината на Иван Јуриќ на клупата на тимот од Бергамо. Додека против Марсеј во Лигата на шампионите славеше со 1-0, домашниот пораз од Сасуоло (0-3) ќе го чини работно место.
Јуриќ денеска го очекува отказ, а официјалната одлука ќе биде објавена во наредните часови. Аталанта веќе го пронајде неговиот наследник, тоа ќе биде Рафаеле Паладино (41), кој има само два тренерски ангажмани зад себе. Тој ги водеше Монца (2022–2024) и Фиорентина во минатата сезона. Ќе потпише договор до летото 2027 година.
Јуриќ ја презеде Аталанта ова лето од клупската легенда Џанпјеро Гасперини, а во 15 натпревари забележа само четири победи, осум ремија и три порази.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













