Фудбалерите на Пари Сен Жермен извлекоа тесна победа од 3-2 на гостувањето кај Лион во возбудливото дерби од 12. коло во француската Лига 1.
Првакот не блескаше, но успеа да дојде до триумф благодарение на голот на Жоао Невеш во 95. минута, со удар со глава по корнер.
ПСЖ поведе во 26. минута, кога Витиња со прецизно додавање го пронајде Заир-Емери, а младиот фудбалер ја совлада мрежата на голманот Грејф.
Лион брзо возврати и израмни пред крајот на првото полувреме, откако Афонсо Мореира го надмудри Лука Шевалие и ја затресе мрежата на „свеците“.
Само три минути подоцна, ПСЖ повторно поведе. Витиња успеа да украде топка пред шеснаесетникот на Лион и го пронајде Кварацхелија, кој го постигна вториот гол за парижаните.
Во 50. минута, Лион имаше спектакуларен момент кога Ејнсли Мејтланд-Најлс со мајсторски лоб го надмудри Шевалие.
Сепак, крајот му припадна на ПСЖ. Во 93. минута, по втор жолт картон, беше исклучен дефанзивецот на Лион, Николас Таљафико, а во петтата минута од судиското надополнување Жоао Невеш со удар со глава го донесе конечниот триумф, со асистенција од Канг-Ин Ли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













