Нов селектор на фудбалската репрезентација на Бразил треба да биде Жорге Жесус, јавуваат јужноамериканските медиуми кои додаваат дека новата функција ќе ја преземе во мај.
На клупата на „кариоките“ тој ќе го замени Доривал Жуниор, кој доби отказ по убедливиот пораз од Аргентина во квалификациите за Светското првенство – резултатот беше 4-1.
Португалецот има договор со Ал-Хилал, но Бразилската фудбалска конфедерација е подготвена да плати околу 2,5 милиони евра за предвремен раскин на договорот со саудискиот клуб и да го доведе на чело на репрезентацијата.
Доколку Жесус го напушти Ал-Хилал пред јуни, нема да го води својот досегашен клуб на Светското клупско првенство.
Се очекува Жесус да потпише договор со бразилската репрезентација до крајот на Светското првенство во 2026 година, а таму ќе заработува само 20 проценти од тоа што добива во саудискиот фудбал.
Според последните информации, тој во Ал-Хилал заработува 11 милиони евра по сезона, што значи дека во бразилската репрезентација ќе добива само 2,2 милиони евра годишно.
Сепак, ќе има високи бонуси во случај на резултатски успех со „кариоките“, слично како договорот што го потпиша во 2019 година со Фламенго.
Бразилскиот клуб не плаќаше како европските клубови, но и таму имаше одлични бонуси за постигнати резултати. Имаше премии за освојување трофеи во домашното првенство, како и Копа Либертадорес, а бараше и Светското клупско првенство да биде вклучено во договорот.
Од четири можни трофеи, освои два пред да се врати во Бенфика, а потоа преку Фенербахче замина за Саудиска Арабија.
Овој 70-годишен стручњак ги следи сите натпревари на бразилската репрезентација и добро ги познава сите бразилски фудбалери, што ќе му биде предност при објавувањето на првиот список за репрезентацијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













