Португалецот Жоао Феликс пристигна од Атлетико Мадрид во Челси на позајмица до крајот на сезоната, за која лондонскиот клуб плати 11 милиони евра.
На крајот на сезоната Феликс не сака да се врати во Мадрид и сака да остане во Англија, но не и во Челси. Причината е едноставна, тој сака да игра во Лигата на шампионите, а Челси следната сезона нема да игра во ниту едно европско натпреварување.
Задачата на неговите агенти ќе биде да му најдат место во една од првите четири екипи во Премиер – лигата. Во моментов сигурни се Манчестер Сити, Арсенал и Њукасл, додека Манчестер Јунајтед за четвртото место ќе се бори со препородениот Ливерпул, кој повторно се вклучи во трката со одлични партии.
Жоао Феликс одигра 13 натпревари во Премиер – лигата во Челзи и постигна три гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













