Connect with us

Жоао Феликс е прескап за сите клубови и ќе остане во Атлетико Мадрид

Ситуацијата околу Жоао Феликс станува се покомпликувана. Португалскиот интернационалец инсистира да го напушти тимот, но неговата цена ги запре сите заинтересирани клубови за неговиот потпис, предводени од Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед. Ниту еден од овие клубови не е подготвен да плати повеќе од 100 милиони евра за напаѓачот, а Атлетико не сака да го пушти за помалку од 130 милиони евра.


Опцијата за позајмица е сè уште релевантна, но парите повторно се проблем. Атлетико Мадрид бара 15 милиони евра за изнајмување до лето, а освен тоа клубот кој ќе го доведе Жоао Феликс ќе мора да му исплати и плата од 6 милиони евра.

Мадриѓаните од денеска не преговараат со други клубови. Според шпанските медиуми, сосема е можно Жоао Феликс да остане барем до крајот на сезоната. Португалскиот интернационалец е во лоши односи со Диего Симеоне, но тренерот ја препознава неговата добра форма и верува дека може да биде многу корисен за тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови