Голманот на Лацио, Христос Мандас, го привлече вниманието на англиските премиерлигаши Манчестер Сити и Лестер, пренесува италијанскиот весник „Кориере дело спорт“. 22-годишниот Грк беше потпишан од римскиот клуб за само 900.000 евра плус бонуси од ОФИ Крит во септември 2023 година.
Претставници на Манчестер Сити веќе стапиле во контакт со агентите на Мандас, а подоцна имало интерес и од Лестер.
Со оглед на фактот дека Иван Проведел е стандарден на голот на Лацио, Христос Мандас, би добил зелено светло за заминување за околу 15 милиони евра, што би значело и солидна добивка за италијанскиот тим.
Грчкиот голман оваа сезона забележа 12 настапи за Лацио, а петпати ја сочува мрежата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













