
Шкупи одигра 2-2 против актуелниот шампион Струга ТЛ во дербито на 20.коло и успеа да го задржи првото место на табелата во Првата фудбалска лига.
Тренерот Младен Жижовиќ е задоволен од нерешениот резултат, иако истакна дека неговиот тим сакал да ги освои трите бода.
„Мораме да бидеме задоволни со оглед на играта прикажана на тежок терен и условите кои беа присутни. Не почнавме добро, во првиот дел не беше како што сакавме. Во вториот дел беше нешто подобро во целина, се обидивме да му парираме на противникот со поагресивна игра, но од се што го видовме, го заслуживме бодот, иако имавме шанси и за победа. Мора да бидеме задоволни затоа што два пати се враќавме од негатива. Момците покажаа решителност и карактер. Не е лесно да се вратиш тука после два пати негатива, особено што игравме со противник кој доминира на свој терен во изминатите неколку години. Уште еднаш им честитам на фудбалерите и сега се фокусираме кон следниот натпревар, и овој бод да го потврдиме со победа на следниот“, изјави Младен Жижовиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
