Connect with us

Жиру: Сакам да останам во Милан до крајот на кариерата

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, ја објави желбата не само да потпише нов договор со „росонерите“, туку и да остане во клубот до крајот на кариерата.


„Сакам да потпишам нов договор. Успеав да ги освојам срцата на навивачите со титулата. Ако можам да останам до крајот на кариерата во Милан и да играм на највисоко ниво, ќе го сторам тоа. Но, и идејата да одам во некое егзотично првенство, како американското, отсекогаш ми се допаѓала“, изјави 36-годишниот напаѓач во интервју за „Канал+“.

Неговиот договор со Милан истекува на крајот од сезоната.

„Во моментов ќе продолжам да играм за француската репрезентација, но заминувањето на Хуго Лорис влијаеше на мене. Имаме посебен однос. Сѐ може да се случи додека не добијам повик, но засега сум на линија на селекторот. Морам да размислам добро дали сè уште имам волја да го носам репррезентативниот дрес кој ми значи толку многу, но ќе си дадам време што ми е потребно за да донесам конечна одлука“, дополни Жиру.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови