
Актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Франција, по само две одиграни кола обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Французите постигнаа две победи во воведните два натпревари од првенството. Прво ја совладаа Австралија со 4-1, а потоа ги победија и Данците со 2-1 со што обезбедија „виза“ за нокаут фазата од натпреварувањето.
„Триколорите“ речиси сигурно ќе завршат први во својата група Д, а во осминафиналето ќе се сретнат со второпласираната селекција од групата Ц во која се Аргентина, Полска, Саудиска Арабија и Мексико, а сите селекции се уште имаат шанса да одат понатаму.
Напаѓачот на Франција, искусниот Оливие Жиру, јасно кажа кого не би сакал за ривал во првото коло од елиминациската фаза, а тоа е Аргентина.
„Сакаме да кажеме дека ако сакате да го освоите турнирот треба да победите кој било противник, но подобро е да избегнете средба со Аргентина во осминафиналето“, изјави Оливие Жиру.
Со кого ќе играат Французите во осминафиналето ќе се дознае на 30 ноември за кога се закажани последните натпревари во групата Ц. Се среќаваат Аргентина – Полска и Саудиска Арабија – Мексико. Полјаците се први со четири бода, „гаучосите“ и Саудијците имаат по три, а Мексико само бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
