
Италијанскиот првак Наполи беше нокаутиран по првото полувреме на дербито со Милан, но успе да се врати во вториот дел и стигна до реми (2-2). Оливие Жиру беше кобен за „наполитанците“ на почетокот од дуелот.
Тој погоди со удар со глава во 22.минута, а само девет минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Мерет.
Во вториот дел, сепак, камбек на Наполи. Матео Политано во 50.минута ја врати надежта, а Џакомо Распадори во 63.минута по прекрасно изведен слободен удар израмни на 2-2.
Наполи во финишот остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Натан, но Квича Кварацкелија буквално во последниот напад можеше да обезбеди и победа. Сепак, Мајк Мењон го одбрани неговиот удар.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и го одигра првото полувреме од дербито, а потоа на неговото место влезе Џовани Симеоне.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Рома ќе мора без Дибала на наредните два меча

Интернационалци
Дени Илиев заминува од Хелсинки

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Прва лига
Почина поранешен фудбалер на Шкендија

Прва лига
Бојан Круљ е новиот тренер на Брера

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Евро-фудбал
Ливерпул си бендиса напаѓач на Хофенхајм

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид подобар од Алмерија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)
