Само неколку часа пред четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Астон Вила, Париз стана арена на насилни инциденти меѓу фанатичните фанови на двата клуба. Шокантни видеа од социјалните мрежи покажуваат како тензиите меѓу навивачите прераснуваат во брутални физички конфликти, кои се одвиваат директно пред бар во центарот на француската престолнина.
PSG and Aston Villa fans clashing in Paris ahead of tomorrows game. 😨 pic.twitter.com/pkw56M32JG
— Football Away Days (@FBAwayDays) April 8, 2025
На снимките се гледаат летечки предмети, столчиња и чаши кои стануваат оружје во насилството што ја зафати групата навивачи. Првично, сè изгледало како сосема незначителна тензична размена меѓу поединци, но многу брзо ситуацијата ескалира, а група млади фанатици, со качулки, се втурнуваат кон повозрасните навивачи, што предизвикало сериозни нереди. Некои од нив не се двоумат да фрлаат пијалаци по своите противници, додека други користат столови и предмети од улицата како средство за напад.
Очевидци тврдат дека инцидентот бил исклучително тензичен, а интервенцијата на безбедносните служби и полицијата дошла со големо задоцнување. Но, и покрај хаосот на улиците, вечерва сите очи ќе бидат свртени кон „Паркот на принцовите“, каде што ПСЖ ќе ја започне својата битка со Астон Вила.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













