Американците го најавија највеличественото Светско првенство во фудбал што некогаш било организирано, а следното лето ќе треба тоа да го докажат и на дело, заедно со коорганизаторите – Канада и Мексико.
Денешната ждрепка во Вашингтон донесе спектакл, а следниот Мундијал ќе влезе во историјата како прв со 48 селекции, распределени во дванаесет групи со по четири репрезентации.
Според новиот систем, првите две селекции од секоја група, како и осумте најдобри третопласирани, ќе продолжат во осминафиналето. Така за првпат Светското ќе има фаза на шеснаесеттинафинале, што ја проширува нокаут-фазата со уште едно дополнително коло. Вкупно ќе се одиграат рекордни 104 натпревари.
Првиот меч на Мундијалот е закажан за 11 јуни на легендарниот „Ацтека“ во Мексико Сити, додека големото финале ќе се игра на 19 јули во Њујорк.
Новина е тоа што ждрепката беше креирана по принцип сличен на големите тениски турнири. Тоа значи дека четирите најсилни селекции според ФИФА рангирањето се поставени така што не можат да се сретнат пред полуфиналето. Шпанија (прв носител) и Аргентина (втор носител) се во различни делови од костурот, Франција (трет носител) е во горниот дел, а Англија (четврти носител) во долниот. Ова правило важи само ако сите четири завршат како првопласирани во своите групи.
Ако Македонија го мине баражот за СП 2026, ќе биде во групата А, заедно со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.

А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник од плеј-оф Д
Б: Канада, победник од плеј-оф А, Катар, Швајцарија
В: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска
Г: САД, Парагвај, Австралија, победник од плеј-оф Ц
Д: Германија, Зеленортски Острови, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор
Е: Холандија, Јапонија, победник од плеј-оф Б, Тунис
Ж: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд
З: Шпанија, Курасао, Саудиска Арабија, Уругвај
И: Франција, Сенегал, победник од плеј-оф 2, Норвешка
Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан
К: Португалија, победник од плеј-оф 1, Узбекистан, Колумбија
Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













