Европскиот првак Челси сака да биде многу посилен следната сезона во обидот да ја одбрани европската круна, но и да го нападне шампионскиот трофеј во Премиер – лигата. Клубот од „Стемфорд бриџ“ тргнува по еден од најдобрите млади напаѓачи на денешницата, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Трансферот би изнесувал неверојатни 200 милиони евра, но во Лондон имаат план како тоа да го реализираат.
Челси подготвува понуда во која ќе бидат вклучени и двајца фудбалери. Напаѓачот Теми Абрахам кој се проценува на 40 милиони евра и левиот бек Маркос Алонсо кој на трансфер – пазарот вреди околу 30 милиони евра. Во ваков случај, Челси би платил и 130 милиони евра кеш, за да го добие најпотентниот голгетер во Европа.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












