Connect with us

Здравковиќ, Мојсов и Карлос добија по два меча суспензија, ќе има казни и за Тиквеш, Вардар, Шкендија и Шкупи

Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок на дисциплинската комисија доннела одлуки за казни на тројца фудбалери и два члена на стручниот штаб на Вардар, но исто така отворени се и дисциплински постапки.

Суспензија од по два натпревари добија: Немања Здравковиќ од Пелистер, Даниел Мојсов од Тиквеш и Јосе Карлос од Македонија Ѓорче Петров.

Суспендиран на два натпревари е и помошник тренерот на Вардар, Матија Мирков, а претставникот на „црвено-црните“, Никола Стојаноски ќе отсуствува еден натпревар.

Кога во прашање се дисциплинските постапки тие се отворени против четири клуба:

ФК Тиквеш АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ)

ФК Вардар АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ)

ФК Шкендија АД – поради недолично и навредливо скандирање на навивачката група на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Шкендија (2. коло, Прва МФЛ)

ФК Шкупи 1927 АД – поради неисполнување на неопходните услови утврдени во Правилникот за инфраструктура и стадиони на ФФМ, особено во делот на:

– обезбедување на соодветен терен и пропратни објекти

– исполнување на условите за имплементација на ВАР технологијата

– неможност клубот да обезбеди терен за одигрување на натпреварот ФК Шкупи 1927 АД – ФК Силекс АД, закажан за 17.08.2025 во 17:00 часот

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови