Силекс и Брегалница денеска (13 часот) го отвораат 12.коло во Првата фудбалска лига. Кратовци се неприкосновени на домашен терен и имаат четири победи и едно реми на пет натпревари, па очекуваат успешната низа да продолжи и на денешниот дуел.
Сепак, тренерот на Брегалница, Горан Здравков, вели дека неговиот тим е мотивиран да оствари позитивен резултат.
„Атмосферата во тимот е одлична и максимално сме подготвени за надигрување. Силекс е квалитетен тим кој посебно добро игра на домашен терен, но Брегалница има квалитет да го освои Кратово“, изјави Горан Здравков.
Останатите натпревари од 12.коло се играат утре, а се среќаваат: Вардар – Брера, Шкупи – Работнички, Македонија ЃП – Тиквеш, Шкендија – Воска, Гостивар – Струга ТЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













