
Здравко Мамиќ, сивата еминенција на Динамо Загреб, дури и пребегнувањето во БиХ, денеска официјално поднесе оставка на сите функции во најтрофејниот хрватски клуб. Тој се обрати на јавноста по вчерашната правосилна одлука на Врховниот суд на Хрватска според која треба заработи затворска казна од шест и пол години.
Мамиќ веќе некое време се наоѓа во Босна и Херцеговина, но и понатаму беше на функции во Динамо Загреб. Тој веќе нема да биде чмен на собранието на клубот, ниту советник во Динамо Загреб. Според Законот за спорт, сите граѓани осудени на поголема затворска казна од шест месеци мораат во рок од осум дена да ги напуштат функциите.
„Поднесов неотповиклива оставка во собранието на Динамо Загреб, но и на советничката позиција во клубот. Секогаш Динамо ми беше над животот. Го додев и навивањето на источната трибина кога Харис Шкоро дојде на „Максимир“. Изедов силен ќотек на мечот против Црвена Звезда и бев целиот облеан во крв“, изјави Мамиќ потенцирајќи дека Босна и Хецеговина е негова прва татковина и дека затворска казна би служел само во оваа земја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
