Connect with us

Завршницата на ЕВРО 2024 ќе се игра со нова топка (ФОТО)

Нова топка ќе биде користена за полуфиналињата и за финалето на ЕВРО 2024.

По три недели драма, забава и голови, крајот на Европското првенство е веќе на повидок.

24-те селекции сега се сведени на само четири и тие ќе се соочат еден против друг во полуфиналињата. Во вторник (9 јули) Шпанија и Франција ќе се сретнат во Минхен.
Потоа, Англија и Холандија ќе се судрат во Дортмунд следната вечер (10 јули).

За завршниот дел од шампионатот, белата основа на топката е заменета со привлечната сребрена боја.

Од компанијата производител „Адидас“ објаснуваат дека сребрената боја е специјално развиена и тестирана со спортисти за да се осигура дека се издвојува на теренот, без да ја одразува светлината од површината.

За првпат во историјата на европските финалиња, топката која ќе се користи на полуфиналињата и финалето ќе вклучува технологијата „Connected Ball“, која обезбедува прецизни податоци за топката на службените лица во реално време. Податоците за позицијата на играчот и вештачката интелигенција придонесуваат за полуавтоматизираната технологија на УЕФА за офсајди.

Технологијата исто така нуди точно мерење на податоците за време на игра, вклучувајќи ја брзината на топката, вртењето и растојанието кое топката го изминала пред да ја погоди мрежата.

Дизајнот на топката е инспириран од националните бои на Германија (земјата домаќин) и сребрениот трофеј за кој се натпреваруваат последните четири репрезентации.

Новата топка дури може да се купи за 150 фунти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови