
Националниот тим е комплетен откако на првиот тренинг „влета“ и капитенот Горан Пандев. Нашиот „гранде капитано“ го преслуша Јувентус во Серија А, и веднаш се стави на располагање на репрезентацијата, од аеродром директно дојде заедно со Илија Несторовски на комплексот на ФФМ.
Селекторот Игор Ангеловски ќе ги нема на располагање Иван Тричковски и Стефан Спировски, кои сепак откажаа поради повреди, исто како и Адеми претходно, но затоа ги има во одлична форма напаѓачите Пандев и Несторовски. Првиот имаше асистенција и гол во триумфот против Јувентус, а вториот постигна два гола за Палермо. Тоа може само да радува пред стартот на квалификациите за ЕП 2020 и првиот меч против Летонија в четврток на арената „Филип Втори“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
