Connect with us

Започна продажбата на билети за натпреварот Велс – Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информираше навивачите дека започна продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026, кој ќе се одигра на 18. ноември во Кардиф, меѓу репрезентациите на Велс и Македонија.

За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 1500 билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи. Цената на влезница, утврдена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2800,00 денари.

Купувањето на билетите ќе се одвива преку официјалната платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk.

Целата постапка за начинот на купување и добивање на билетите за натпреварот Велс – Македонија е објаснета на линкот во продолжение. Истиот, можете да го преземете и на платформата на ФФМ за продажба на билети.

FAW-Tickets-Portal-Guide.pdf

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови