
Костадин Захов по осум години ја напушти Шкендија. Тој одлучи да се раздели со тетовскиот клуб каде сѐ почесто беше на клупата за резерви, откако Давор Талески застана на голот.
Захов спогодбено го раскина договорот кој имаше важност до 2026 година.
„Сите ние во Шкендија му посакуваме на Костадин Захов многу здравје и успех во неговите идни предизвици. Ти благодариме за секој убав момент и за неизбришливите траги во нашата фудбалска историја“, објави Шкендија.
Захов дојде во Шкендија во 2016 година, беше дел од успесите на клубот, освојуваше титули, имаше голем број учества во европските купови со тимот, но во последната година го загуби стандардното место меѓу диреците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal